Робот на LG – асистент за патници на аеродром во Јужна Кореја

48

lg-robot

Фото: LG newsroom

Јужнокорејската компанија LG направи робот што ќе им помага на патниците на Меѓународниот аеродром во Јужна Кореја и ќе се грижи за хигиената на аеродромот.

Роботот има софтвер за препознавање на глас и може да разбере патници кои зборуваат на корејски, англиски, кинески и јапонски. Исто така, роботот е поврзан со главниот сервер на аеродромот и може да одговара на различни прашања на патниците, да го прикаже распоредот на летови и мапа од аеродромот преку посебен екран. Доколку има потреба овој робот ќе ги придружува патниците до излезот од аеродромот.

Роботот ќе им биде од голема помош и на вработените кои се грижат за хигиената на аеродромот, бидејќи е програмиран да чисти подови.