Роботот Балтазар креира природна козметика според желбите на потрошувачите

23

baltazar

Даниел Хубман од Хрватска, по 20 години работа во мултинационална компанија, започна свој старт – ап којшто ги поврзува роботиката и козметиката – AlpStories, пишува Пословни дневник.

Во продавницата во Загреб роботот Балтазар создава природни креми по желба на купувачите.

“Целта беше да создадеме деловен бренд којшто на ’обичните смртници’ им овозможува да создадат сопствен бренд, но тоа да не чини илјадници евра“, изјави Хубман. Тој вели дека го модифицираа целиот концепт и ќелиите од роботот ги прилагодиле за изработка на козметички производи.

Посебна апликација ги води корисниците низ процесот на создавање на нивните козметички производи. Откако ќе се одбере производот и оптималните состојки потребни за негова изработка, започнува приказната за секој купувач индивидуално. За оние кои не знаат што е најдобро за нега на нивната кожа, во продавницата постои скенер, којшто ја анализира кожата и врз основа на тоа им дава препораки за најсоодветните состојки.

Процесот се заокружува со избор на етикета, а доколку купувачот сака може неговиот производ да биде изложен во онлајн продавницата на AlpStories, за да можат и други купувачи да ја пробаат таа козметика.

“Авторите може да ги користат и социјалните мрежи, да го промовираат својот производ и да бидат наградени за тоа“, додава Хубман.

Овој концепт, како што вели тој, нуди над 24 милиони различни комбинации на состојки, а на купувачите им овозможува сами да изградат сопствен козметички бренд.