Роботот Nao “вработен“ на рецепција во јапонска банка

40

nao

Јапонската банка Mitsubishi во своето седиште во Токио го претстави роботот Nao, што ќе работи на рецепцијата на банката, пишува Wall Street Journal.

Банката почна да им ги обезбедува потребните информации за своите клиенти преку овој робот на почетокот на оваа недела, што претставува голема иновација во една од најголемите финансиски институции.

Роботот Nao има помалку од 60 сантиметри, чини околу 8.000 долари и досега беше користен во училишта и институти за истражување. Nao може да ги анализира фацијалните експресии и однесувањето на луѓето, може да зборува 19 јазици и нуди информации за понудата на банката.