Фото: Facebook
Калифорниската компанија Chowbotics направи робот што може да подготви 1.000 различни видови на салати, пишува Verge.
Роботот Sally ја подготвува салатата за 60 секунди, а исто така на корисниците им дава информации коку калории ќе внесат при консумирањето на одредена салата. Од компанијата велат дека машината е наменета за компании во кои работат голем број на луѓе и за супермаркети, а наскоро ќе понудат и верзија за домаќинствата. Sally не ја подготвува салатата самостојно, туку корисникот мора да ги исечка и вметне состојките во машината.
Цената на оваа машина изнесува 30.000 долари, а треба да биде поставена овој месец во coworking простор во Сан Франциско.