Роден под среќна ѕвезда – за три години два пати доби милиони на лотарија

66

Американецот Марк Кларк успеа двапати тоа што повеќето луѓе никогаш не успеваат во животот, а тоа е да се освои вкупно осум милиони долари преку лотарија, четири милиони во два наврати.

Играта на среќа е така наречена со причина и се чини дека на овој 50-годишник му оди многу добро. Тој најпрво добил пари пред три години, а билетот го купил сосема случајно, кога ставал гориво на бензинска пумпа, пишува CNN.

Во јуни оваа година, тој реши повторно да ја проба среќата и таа повторно била на негова страна. Тој ја освои истата сума, четири милиони долари.

Кларк вели дека нема намера да ги троши парите арогантно, туку ќе продолжи да живее мирен, пензионерски живот, окупиран со риболов.

Фото: Freepik