Родовиот јаз во платите во Британија е намален на најниско ниво

Родовиот јаз во платите во ОК се намали на најниско ниво откако известувањето стана задолжително за компаниите во ОК.

Сепак, според анализата на официјалните владини бројки, на жените сè уште им се плаќа само 91 пени за секоја заработена фунта кај мажите, објави Гардијан.

Речиси четири од пет компании и јавни тела сè уште им плаќаат на мажите повеќе од жените, 78,4 отсто од нив, иако просечниот јаз во платите малку се намали на годишно ниво на 9,1 отсто во 2023-2024 година, што е најниско ниво од кога стана задолжителното известување со закон во ОК во 2018 година.

Сепак, родовиот јаз во платите останува поширок во јавниот сектор, при што речиси девет од 10 организации од јавниот сектор им плаќаат на мажите повеќе од жените, 87,6 отсто, во споредба со нешто повеќе од три четвртини од приватните компании.

Генералниот секретар на Конгресот Пол Новак рече дека работничките жени заслужуваат еднаква плата, но дека родовиот јаз во платите е сè уште значајно прашање.

„Според сегашните стапки на напредок, ќе бидат потребни повеќе од 20 години за да се изедначат платите на мажите и жените“, посочи тој.