Генералниот директор на Roscosmos, Дмитриј Рогозин, го нарече Илон Маск вселенски капиталист, а неговата компанија SpaceX интересна.
“Ние немаме луѓе како Илон Маск, кој е, да речеме, вселенски капиталист. Меѓутоа, имаме талентирани инженери и конструктори, вклучително и млади програмери. Би сакале нивната земја да знае за нив и овие луѓе да сфатат дека нашето општество смета на нив.Таквата поддршка е неопходна , рече Рогозин, пренесува Спутник.
Додаде дека го почитува она што го прави Маск и тоа што тој создаде таква интересна компанија.
Инаку, Roscosmos е руска државна корпорација за вселенски активности, а е одговорна за вселенски летови, програми за астронаути и вселенски истражувања.
Фото: Twitter











