Потенцијалните купувачи кои прават длабинска анализа на словенечката компанија Раденска добија дополнителен месец за подготовка на обврзувачките понуди, пишува Финанце. Понудите мора да бидат предадени до 1 февруари.
Претходно се пишуваше дека за купување на словенечкиот произведувач на минерална, изворска вода и сокови, според неофицијални извори, потенционално се заинтересирани Coca Cola Hellenic Bottling Company, Nestle, српски Нектар и чешката компанија Кофола.
Сопственикот на Раденска, Пивоварна Лашко, очекува компанијата да биде продадена во првата половина од следната година.