Rolls-Royce размислува да почне да произведува SUV возила

31

Paris Auto Show - Press DayRolls-Royce Motor Cars, произведувач на ултра луксузни автомобили во сопственост на BMW, размислува да тргне по стапките на ривалот Bentley и да почне со производство на SUV возила.

“Уште го испитуваме пазарот, но верувам дека во иднина ќе има место и за високо луксузни SUV модели какви би можеле да понудиме”, за Ројтерс изјави Торстен Милер – Отвос, претседател на управата на Rolls-Royce. Тој додаде дека овој сегмент е многу интересен, остана стабилен во време на криза, го разгледуваат, но се уште немаат готов план.

Дизајнерскиот тим веќе работи на првите скици на концептот, а ако компанијата се одлучи на производство, првиот модел нема да се појави во продажба пред 2016 година. Моделот на Rolls-Royce може да чини повеќе од првиот SUV на Bentley, EXP 9F, кој ќе оди во продажба во 2016 година и ќе чини 240.000 долари. Најевтиниот Rolls-Royce автомобил Ролс-Ројс е Wraith coupe, кој чини 234.000 долари.