Rolls Royce со најдобри продажни резултати за 116 години

83

Автомобилскиот бренд Rolls Royce во првиот квартал од оваа година успеа да постигне рекордна продажба во 116-годишната историја на компанија. За тие три месеци продале 1.380 луксузни автомобили.

Кризата во автомобилскиот сектор, што ја предизвика пандемијата, немаше големо влијание врз премиум брендовите на автомобили. Овој тренд се очекува да продолжи и годинава, барем според последните податоци за продажба на луксузни Rolls Royce автомобили.

Во првите три месеци продале 1.380 автомобили, со што го поправија својот квартален рекорд во 2019 година. Во однос на првиот квартал лани, продажбата бележи раст од 62%.

Најголем раст на продажбата на Rolls Royce има во САД, Кина и азиско – пацифичкиот регион. Најпродавани модели биле Ghost и Cullinan. Годинава веќе се продадени 20 наменски Phantom автомобили на Rolls Royce.

Фото: Pexels