Компанијата Mansory успеа да го редефинира поимот ултра луксузен автомобил – Rolls-Royce Wraith Palm Edition 999 е името што може целосно да ги опише овие возила.
Она што го прави овој Rolls-Royce единствен се елементите од чисто злато што служат како декорација, пишува Gt Spirit. Сите металик делови како рачките на вратите, праговите, решетките на ладилникот можат да бидат позлатени ако клиентот тоа го посака.
Компанијата ги промени и фаровите на автомобилот, така што истите потсетуваат на моделот Rolls Royce Dawn. Внатрешноста е исто така во ново руво, а на кожните седишта може да се забележи потписот на Mansory.
Автомобилот го движи 6,6 литарски V12 мотор, развива 740 коњски сили, има максимален вртежен момент од 1.000 nm, а достигнува брзина од 300 km/h.
Произведени се само девет вакви автомобили.