Романците може да купат електричен автомобил за само 7.700 евра

176

Романскиот производител на автомобили, дел од француската групација Renault, започна со производство на  својот прв електричен модел Dacia Spring.

Почетната цена на Dacia Spring е 18.100 евра, но државата обезбеди грантови за своите граѓани во висина од 10.400 евра, па крајната цена за купувачите е 7.700 евра.

Така овој модел стана најефтиниот електричен автомобил во Романија. На пример, Германија го субвенционира купувањето на електрични автомобили со 9.570 евра. Од друга страна, според AutoExpress, Dacia Spring е најефтиниот електричен автомобил во својата категорија во Европа. Титулата ја презема од моделот Seat Mii Electric чија цена е 23.000 евра.

Интересот меѓу романците е огромен. Dacia на 20 март ја отвори можноста за пријавување за овој модел, чии испораки ќе започат во септември, а примила повеќе од 1.500 нарачки за својот прв електричен модел, само во првиот час. За споредба, тоа е вкупниот број на електрични автомобили продадени во Романија во целата 2019 година.

Фото: Facebook