Романија: 16% од активното население се самовработени

25

mehanicar-pexels

Фото: Pexels

Околу 16% од активното население во Романија има самостоен бизнис, пишува Romania Insider.

Податоците покажуваат дека подобри од Романија, кога станува збор за самовработување се: Грција, Италија и Полска.

Самовработени се оние лица кои индивидуално извршуваат одредена дејност. Во оваа категорија влегуваат: независни претприемачи, хонорарци и индивидуални земјоделци.

Најголем дел од самовработените во Романија се занимаваат со автомобилски поправки, градежништво, земјоделство и слично.

Грција е земја во Европската унија во којашто една третина од активното население извршува самостојна дејност. Романија е четврта земја во Европа, заедно со Холандија, Шпанија и Чешка.