Романија: Четири од пет доктори помислуваат да ја напуштат земјата

13

Околу 78% од здравствените работници во Романија, односно 83,7% доктори и 74,4% медицински сестри барем еднаш помислиле да ја напуштат земјата за работа во странство, пишува Romania Insider.

Според направеното истражување, зголемувањето на платите на докторите и сестрите не влијаело многу на одлуката да си заминат. Така, 23% од вработените во здравството или 24% од докторите и 19% од сестрите и покрај зголемувањето на платата би ја напуштиле земјата за работа во странство, додека 17% активно бараат работа надвор.

На одлуката да се напушти земјата влијаеле повеќе фактори како подобри услови за работа, поголеми примања, подобри услови за живот и поголема почит кон професиите.Лошите услови за работа биле директно поврзани со недоволниот персонал во локалните здравствени установи.

Истражувањето било спроведено од 12 до 18 овој месец на примерок од 1.253 вработени во здравствениот систем.