Романија: Девет од десет компании имаат потешкотии во изборот на кандидат за работа

30

intervju-za-rabota-pixabay

Фото: Pixabay

Скоро девет од десет компании во Романија се соочуваат со потешкотии при наоѓање соодветен кандидат за работа, покажува студијата на платформата eJobs, пренесува Romania Insider.

Една од главните причини за тоа е високата конкурентност на пазарот на труд, но две од десет компании веруваат дека пристапот до најдобрите кандидати е попречен од недостигот на силен бренд кај компаниите што вработуваат.

Околу 60% од компаниите, што учествуват во истражувањето, велат дека имаат помалку од 50 кандидати за секоја отворена работна позиција. Вкупно 77% од анкетираните компании сметаат дека понудата на кандидати на пазарот на труд е намалена во последните неколку години, а само 5% сметаат дека пазарот останал на исто ниво или забележал раст.

Околу 47% од компаниите укажуваат дека процесот на регрутирање трае премногу долго. Времето на вработување за отворени позиции се движи меѓу 30 и 60 дена за речиси половина од испитаниците. При отпочнување на процесот на вработување, 93% од компаниите се потпираат на онлајн регрутирање, 67% на препораки од вработените, 40% ги користат социјалните мрежи, додека 26% од компаниите користат директни апликации за вработување на нивната интернет страница.