Романија: Две третини од вработените работат прекувремено

17

laptop-pixabay

Фото: Pexels

Скоро две третини (65%) од вработените во Романија работат прекувремено, покажуваат податоците од студијата на Epson за земјите од Европа, Блискиот Исток и Африка, пишува Romania Insider.

Вработените во Романија во просек поминуваат по 6,2 часа прекувремена работа секоја недела. Но, испитаниците генерално се среќни и задоволни од нивната работа и може да направат баланс со слободното време.

Истражувањето покажа дека 39% од вработените Романци велат дека не биле во можност да ги завршат своите задачи во текот на работното време, а 42% велат дека подготовката на извештаи или состаноци им се главна пречка во извршување на тековните активности. Вработените стануваат попродуктивни кога остануваат после работното време, бидејќи тогаш може да читаат мејлови (39%), разгледување на тековните или идните задачи (41%) и читање материјали што ќе им ги подобрат професионалните вештини (38%).

Вкупно 87% од испитаниците имаат позитивен став со социјализацијата додека се на работа.

Ова истражување е направено на репрезентативен примерок од 100 вработени на возраст меѓу 18 и 60 години.