Романија го одлага воведувањето на еврото

12

evra

Романија и официјално се откажа од идејата да го воведе еврото до 2019 година.

Романската влада треба на Европската комисија да ѝ прати годишен извештај за приближување кон еврозоната, во кој би требало да наведе рокови за воведување на единствена валута. Во минатогодишната програма, Владата како рок го наведе 1 јануари 2019 година, а во годинешниот документ не е наведен овој рок, тврдат извори за Profit.ro.

Сепак, Романија ја задржува обврската да го воведе еврото како своја валута.