Романија: Хотел од мраз 60% резервиран уште пред да почне да се гради

29

h1

Романскиот Hotel of Ice, којшто е единствен од ваков вид во југоисточна Европа, веќе е 60% резервиран иако неговата изградба не е ни започната, пишува Romania Insider.

Хотелот, што се наоѓа во близина на езерото Балеа на планината Фагарас, се гради секоја година од блокови мраз и снег. Изградбата на хотелот треба да започне на крајот од месецов, а отворањето на хотелот е најавено за 23 декември.

h2

Хотелот го посетуваат домашни и странски туристи, а годинава на располагање ќе има 14 соби. Двокреветна соба за една ноќ чини 100 евра. За туристите со помал буџет во близина ќе се изградат шест иглоа во коишто сместувањето чини 150 евра од ноќ, а може да собере шест лица.

h3

Како и претходните години, собите ќе бидат украсени со ледени скулптури. Овогодишна тема се музички ѕвезди и во собите ќе има скулптури од Елвис Присли, Мајкл Џексон, Принц, Мадона…

Фото: Hotel of Ice