Романија инвестира во развој на над 66% од човечкиот капитал

15

kancelarija-pexels-kompjuteri

Фото: Pexels

Романија е 42-ра од вкупно 130 земји во светот кога станува збор за развој на човечкиот капитал, покажуваат официјални податоци, пренесува Romania Insider.

Романија е над светскиот просек, но е зад другите земји од регионот, како што се: Словенија (деветто место), Естонија (12-та позиција), Русија (16-то место), Чешка (22-ра)…

Романија е земја којашто инвестира само две третини (66,1%) од човечкиот капитал со којшто располага. Норвешка е на светскиот врв со 77,1%, додека зад неа се Финска и Швајцарија.