Романија: Казни до 600 евра за прекувремена работа

51

workФото: Pexels

Работодавачите во Романија кои ќе ги подложат своите работници на прекувремената работа ќе бидат казнети со 600 евра за секој вработен, пишува Romania Insider.

Според романскиот кодекс за работа, вработениот не смее да работи повеќе од 48 часа неделно, вклучувајќи и прекувремена работа. Особено ова правило важи за младите лица до 18 години, за кои најстрого се забранува да работат прекувремено.

Последните истражувања покажале дека 15% од Романците сметаат дека големиот број на работни часови негативно влијае врз нивниот живот и им оневозможува да поминуваат повеќе време со својата фамилија.

Затоа, според новиот предлог закон, казната за прекувремена работа ќе се движи од 300 до 600 евра по вработен.