Романија ќе добие една од најмодерните фабрики во Европа

24

Европската Инвестициона банка (ЕИБ) му одобри кредит од 68 милиони евра на произведувачот на бела техника Arctic, како би се финансирала изградбата на најголема фабрика за машини за перење во Романија, соопштуваат од компанијата, а пренесува Romania Insider.

Фабриката ќе биде пуштена во 2019 година и ќе произведува 2,2 милиони машини годишно, со што Arctic ќе може да ја задоволи зголемената побарувачка на европскиот пазар.

Arctic е лидер во Романија на пазарот на бела техника, со повеќе од 40% удел. Компанијата е дел од групацијата  Arçelik Group, третиот најголем европски производител на бела техника во Европа и седми во светот.

Новата фабрика ќе биде лоцирана во регионот Јужна Мунтениа и ќе отвори 480 директни вработувања, како и 900 дополнителни преку синџирот на снабдување.

Инаку ова ќе биде прва фабрика во Романија и една од првите во Европа што ќе ги исполнува т.н. 4.0 индустриски стандарди.

Проектот е многу иновативен, и ќе овозможи имплементација на најновите процеси на автоматизација и итеграција на интернет апликации, како и интелигентни машини и роботска технологија.

Фото: Facebook