Романија на врвот по жители кои живеат во други европски земји

47

Романија е земја со најголем процент на жители кои што живеат надвор од неа, односно во некоја друга земја членка на ЕУ (14.6%), пишува Romania Insider.

Од нив најмногу живеат во Италија (1,2 милиони), Шпанија (0,75 милиони) и Германија (0,6 милиони).

Други земји со висока стапка на миграција се Литванија (11,8%), Хрватска (10,7%), Португалија (10,6%), Бугарија (10,4%) и Латвија (10,2%). За разлика од нив најмалку се иселуваат Германците и Французите, односно само еден 1% од жителите на овие земји живеат во друга европска земја.

Романците се најголемата иселеничка заедница во Италија и Шпанија, а втора по големина во Германија. Во Велика Британија тие се трети по ред и ги има речиси колку Ирците.

Фото: Pexels