Романија најголем производител на мед во ЕУ

52

med-vo-tegli

Романија е земја со најголемо производство на мед во Европската унија, пишува Romania Insider.

Според податоците на Европската комисија, Романија во 2015 година произвела 35.000 тони мед, додека една година претходно производството беше на ниво од 20.000 тони.

Зад Романија се најде Шпанија со годишно производство од 32.300 тони во 2015 година, а трета е Унгарија со 30.700 тони мед.

Во 2014 година, пчеларите во земјите членки на Европската унија добија 66,2 милиони евра поддршка, а истиот износ беше алоциран и во 2015 година. Европските фондови за пчеларство се дистрибуираат на секоја земја членка во зависност од пчелните семејства на нејзина територија.