Романија: Нови правила за избор на локација за супермаркети и хипермаркети

57

supermarket-pixabay

Фото: Pixabay

Властите во Романија би можеле да воведат нови правила за избор на локација на супермаркети и хипермаркети, пренесува Romania Insider.

Супермаркетите би требало да се оддалечени барем еден километар од традиционалните пазари, додека хипермаркетите треба да бидат надвор од големите градови.

Хипермаркетите треба да се лоцираат околу пет километри надвор од градовите коишто имаат над 500.000 жители, три километри онаму каде што има над 250.000 жители, додека во градови со помалку од 250.000 жители тие треба да се оддалечени од градот најмалку еден километар.