Романија: Облека и спортска опрема најкупувани онлајн во 2017 година

23

onlajn-kupuva-pexels

Фото: Pexels

Најпопуларни производи што во текот на оваа година се купени преку Интернет во Романија се облека и спортска опрема, пишува Business Review.

Побарувачката на овие производи чинат 75,4% од вкупниот број на онлајн порачки во изминатите 12 месеци, што е за 4,4% повеќе во однос на претходната година. Податоците покажуваат дека кај продажбата на производи за домаќинство има раст од 23,4%, додека кај патувања и пакети за сместување се забележува пораст од 16,8%.

Од друга страна, пад од 5,3% е забележан во продажбата на книги, магазини и весници.

Најголем дел од оние кои купуваат онлајн се на возраст од 16 до 34 години, што е 42% од вкупниот број на купувачи преку Интернет.