Романија: Онлајн продавница за два и пол часа направи 27,7 милиони евра промет

52

emag

Најголемата онлајн продавница во Романија, eMAG, во првите два и пол часа од кампањата Black Friday, евидентираше продажба од 27,7 милиони евра, пишува Romania Insider.

eMAG, во период од 6:55 до 9:33 часот, продаде 225.000 од вкупно еден милион производи по намалени цени. Вкупно 1.000 електрични апарати беа продадени за само 20 минути, а порачани се и осум дијаманти, седум килограми злато и над 14.000 телевизори.

На интернет страницата на оваа онлајн продавница, за два и пол часа, се регистрирани над 1,3 милиони посети, од нив две третини се од мобилни уреди.

Од компанијата најавија дека за оваа кампања ќе вработат околу 500 лица за да може да се опслужат порачките на сите нивни клиенти.