Романија: Половина од семејните бизниси се пренесуваат на следната генерација

21

kancelarija-pixabay

Фото: Pixabay

Половина од семејните бизниси во Романија се пренесени на втората генерација на сопственици, додека 20% од нив го пренеле бизнисот на третата генерација, пишува Romania Insider.

Податоците од студијата на Ernst and Young, Барометар за семејните бизниси во Романија, покажуваат дека само 3% од семејните бизниси се пренесуваат после третата генерација на наследници.

Вкупно 44% од испитаниците изјавија дека нивниот бизнис целосно зависи од нив, додека 62% од нив сè уште не нашле наследник. 80% од анкетираните водат бизнис со промет од еден милион евра. Од овие компании, 20% се пренесени за втората генерација наследници, додека со 73% сè уште управуваат нивните основачи.

Студијата покажува дека 94% од семејните бизниси во Романија ангажираат специјализирани консултанти од различни области на нивниот бизнис, но само 27% од нив константно користат консултантнски услуги.

Студијата опфати 247 сопственици на семејни бизниси, кои на прашалникот одговараа онлајн во период од осми февруари до петти март.