Романија: Повеќе мажи отколку жени работат со скратено работно време

12

pexels-photo-306534

Фото: Pexels

Романија е единствена држава во Европската унија каде што повеќе мажи отколку жени работат со скратено работно време, пишува Romania Insider.

Извештајот на европската статистика, врз основа на податоците од 2016 година, покажува дека во Романија минатата година 5,5% од жените и 5,7% мажи работеле со скратено работно време. На ниво на ЕУ, еден од 15 (6,7%) мажи на возраст од 25 до 49 години работеле со скратено работно време. За споредба, речиси една од три (29,8%) жени во оваа возрасна група имале договори со скратено работно време.

Најголемата разлика меѓу мажите и жените во оваа област е во Холандија, каде што 72% од жените во оваа возрасна група работеле со скратено работно време, а само 17% од мажите имале договори со скратено работно време. Бугарија, Хрватска, Литванија и Унгарија имаат најниски родови разлики во договорите со скратено работно време.

Речиси половина од европските жени со најмалку три деца работат со скратено работно време.