Романија: Претприемач изнајмува премиум автомобили за бизнисмени

62

2014-S-CLASS-SEDAN-GALLERY-015-WR-D

Младиот романски претприемач Валентин Танаса отвори сервис за изнајмување на автомобили и ги таргетира бизнисмените. Танаса планира да инвестира еден милион евра во премиум автомобили и да се стекне со 1.000 активни клиенти во првата година. Планот е флотата да брои 50 Mercedes автомобили, вклучувајќи E class, S class и Vito/Viano, пишува Romania – insider.

“Идејата дојде од лична потреба што ми покажа дека ова е многу важна ниша на романскиот пазар. Во моментов не постојат професионални и организирани рент а кар услуги посветени на извршни директори коишто им нудат стандарди што се користат во било која друга земја каде што патуваат или работат “, вели Танаса.

Сервисот наречен Alpha Cab моментално функционира во Букурешт и округот Илфов, а планот е да се прошири и во други поголеми романски градови.