Романија: Продавниците ќе мораат да продаваат најмалку 51% локални производи

34

romanija

Романскиот претседател Клаус Јоханис потпиша закон со кој продавниците во земјата се обврзуваат да продаваат најмалку 51% локални производи – месо, овошје, зеленчук и јајца.

Законот веќе стапи на сила, а во јуни го усвои Парламентот, со цел поддршка на домашните земјоделци. Оваа мерка ќе се однесува само на храната во малопродажните објекти коишто годишно имаат промет поголем од 2 милиона евра.

Трговците што нема да го почитуваат законот, ќе бидат казнети со парични казни од 22.000 до 33.000 евра.

Донесувањето на новиот закон веќе беше одложувано неколку пати, пишува Romania Insider.