Романија произведува повеќе автомобили од Италија

46

Во првите девет месеци од оваа година, Европската унија произведе 7,96 милиони автомобили, што е за 430.000 возила повеќе од претходната година, односно раст од 5,8%.

Со ова, ЕУ достигна удел во глобалното производство на автомобили од 16%, според извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) за првите три квартали од 2022 година.

Според бројот на произведени автомобили за овие девет месеци, Романија е шести најголем производител на автомобили во ЕУ, со 376.047 возила – речиси 20% повеќе во споредба со истиот период минатата година и повеќе од земјите како Унгарија или Италија.

За толку добар резултат најмногу придонесоа Dacia и фабриката на Ford во таа земја.

Земја со најголемо производство на патнички автомобили во ЕУ останува Германија, која произведе 2,4 милиони возила. Следуваат Шпанија, Чешка, Словачка и Франција.