Романија прва во Европа по продажба на автомобили

35

pexels-photo-125514

Фото: Pexels

Романскиот пазар на автомобили во јануари бележи пораст од 66,4%, а регистрирани се околу 12.000 нови автомобили, што е највисока стапка на раст во Европа, според Европската асоцијација на производители на автомобили – ACEA, пренесува Romania-Insider.

По Романија, на второ место е Шпанија со пораст од 20,3%, потоа Германија 11,6% , Италија 3,4% и Франција 2,5%. Велика Британија е единствениот пазар каде е регистрирано опаѓање на продажбата, десетти месец по ред.

Јануари обично е добар месец за продажба на автомобили, бидејќи луѓето се одлучуваат на ваков чекор откако ќе ги одложат купувањата на крајот од претходната година.

Според проценките на романскиот бренд Dacia, во сопственост на францускиот Renault, бројот на регистрирани автомобили од нивната компанија пораснал за 17,2% во Европа.