Романија: Само еден од четворица вработени се среќни со моменталната работа

27

rabotnik-gradezen-pixabay

Фото: Pixabay

Само 39% од вработените во Романија се задоволни со нивната моментална работна позиција, 41% се индиферентни по тоа прашање, а 20% се несреќни, пишува Romania Insider.

Околу половина од учесниците во истражувањето (49%) веруваат дека го направиле вистинскиот избор за нивната професија. Од друга страна, еден од пет вработени мисли дека направил погрешен или несоодветен избор на професија.

Студијата, исто така, покажува дека 36% од вработените сами си ја одбрале својата работа, 31% биле под некакво влијание, како што е образованието или првото работно место, додека 15% ја одбрале својата работа врз основа на средното стручно училиште во коешто се образувале.

Повеќе од половина од испитаниците (61%), кои сакаат да го променат тековното работно место, би сакале да го преземат овој чекор во следните шест месеци, додека 25% од нив се надеваат дека промената во професијата ќе ја направат во следните шест до 12 месеци, а 26% веруваат дека ќе успеат да ја направат промената во кариерата во следните една до три години.

Истражувањето е спроведено во периодот август – септември оваа година на примерок од 1.700 испитаници.