Романија со закон ќе ја регулира работата од дома

31

rabota-od-doma-pixabay

Фото: Pixabay

Властите во Романија разработуваат нацрт – законска рамка што ќе им овозможи на вработените да работат од дома, пишува Romania Insider.

“Работата од далечина е многу ценета во развиените земји, а најмногу во Јапонија“, вели Лиа Олгута Василеску, министерка за труд на Романија.

Предлог – законот има за цел да ги регулира односите меѓу работодавачите и вработените кои работат од дома. На овој начин, работодавачите би ги намалиле трошоците за изнајмување канцелариски простор, комунални услуги, возен парк и слично, а вработените ќе заштедат време и пари, работејќи од дома.