Романија во преговори со Apple – се надева на Центар за наука и иновации

44

Делегација на Apple се сретна со претставници на романската влада за да разговараат за плановите на технолошката компанија во земјата, објавија локалните медиуми.
Apple, кој има канцеларија во Романија од 2019 година, може да ги прошири своите активности во земјата со отворање Центар за истражување и развој, пишува Profit.ro.

„Се надеваме дека Apple во иднина ќе го зголеми нивото на дигитална експертиза во Романија. Можеме да се надеваме дека во нашата земја со текот на времето ќе се отвори Центар за истражување и развој на компанијата, како оние во Велика Британија, Германија, Израел и Франција“, рече пратеникот Сабин Сармаш, кој присуствуваше на состанок со претставници на американскиот технолошки гигант.

Романија станува поактивна и релевантна на полето на дигиталната и сајбер-безбедност, велат експертите.

Различни романски медиуми објавија дека додека претставници на Apple го посетија Букурешт минатата недела, кинеската компанија Huawei ги победи и американската компанија и другиот голем светски играч – Samsung во однос на продажбата на преносливи гаџети (паметни часовници и фитнес нараквици) на локалниот пазар.

Во моментов кинеската компанија има над 20% од овој пазар во Романија.

Apple има удел од околу 10%.