Романија воведува личен банкрот

18

prazen paricnik

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис го потпиша законот со којшто се воведува личен банкрот во земјата, пишува Romania insider.

Новото законско решение им овозможува на сите Романци, кои не се способни да ги исплатат своите достасани обврски не по нивна вина, да им се даде рок од пет години за отплата на долговите. Прогласувањето на личен банкрот ќе им овозможи на граѓаните на Романија, кои имаат големи долгови, но и казнени или камати на иницијалниот износ, да се заштитат од тој ризик.

Здружението на банкарски асоцијации на Романија проценува дека примената на овој закон врз банките ќе има импакт од околу 792 милиони евра.

Во европските земји личен банкрот подразбира репрограмирање на долговите после одредено време и тоа во согласност со можностите на должникот.

Во регионот, закон за личен банкрот веќе има донесено Словенија, уште кон крајот на 2008 година. Во Словенија личен банкрот може да побара должник, доверител или работник во фирма што не исплаќа плати. Во Хрватска предлог законот за стечај, кој ќе овозможи личен банкрот е во завршна фаза, а од овој месец, и жителите на Србија ќе може да прогласат личен банкрот.