Романија: За 29% зголемен бројот на нови компании во 2017 година

19

kancelarija-biro-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на нови регистрирани компании во Романија во текот на минатата година достигна 136.700, што е пораст за 29% во споредба со претходната година, пишува Romania Insider.

Во текот на 2016 година, во Романија беа регистрирани околу 116.000 нови компании.

Според податоците, зголемување е регистрирано кај сите видови компании. Бројот на друштва со ограничена одговорност порасна за една третина и се позиционираше на 98.400. Двојно се зголеми и бројот на семејни бизниси, којшто во 2017 година достигна 1.532.

Исто така, забележан е и пораст на нови бизниси во забавниот, културниот и услужниот сектор и тоа за повеќе од две третини. Но, во исто време, бројот на нови фирми во трговскиот сектор се намали за 9,5%.

Анализирано по градови, најголем дел од новоотворените компании (22.200) се во главниот град Букурешт и претставува зголемување од 23% во однос на 2016 година.