Романската апликација за плаќање, Pago планира проширување во Хрватска и Полска

20

Фото: Facebook

Програмерите што ја создадоа мобилната апликација Pago, што им помага на луѓето онлајн и на централизиран начин да ги плаќаат своите сметки, ги објавија плановите за проширување во Хрватска и Полска, пренесува Romania Insider.

Овој романски старт – ап, исто така, ќе се пресели во Полска, во технолошкиот и бизнис акцелератор Huge Think, каде што функционираат уште девет нови старт – ап компании.

Pago неодамна воведе претплата за оние корисници, кои плаќаат повеќе од пет сметки месечно преку апликацијата. Најниската претплата е околу едно евро месечно, за оние кои плаќаат до осум сметки или фактури, додека за клиенти кои имаат поголем обем на плаќање, надоместокот е околу три евра.

Корисниците кои плаќаат до четири фактури месечно, апликацијата може да ја користат бесплатно. Околу 75% од корисниците плаќаат по четири фактури на месечно ниво.