Романската онлајн продавница Elefant отвори продажен центар во Букурешт

29

elefant

Фото: Facebook

Клинетите на романската онлајн продавница Elefant отсега ќе можат да купуваат и во живо, во новоотворениот продажен салон на компанијата во Букурешт. Како онлајн, така и на лице место, Elefant нуди широка палета на производи од парфеми, часовници, торби, играчки до апарати за домаќинство и облека, пишува Profit.ro.

Elefant е втора по големина онлајн продавница во Романија по број на нарачки, веднаш зад Mag.

Одговорните очекуваат значително зголемување на прометот, односно се надеваат тој да достигне до 45 милиони евра. Минатата година биле остварени околу 27 милиони евра приход.

Еlefant е основана во 2010 година, а неодамна е отворена и подружница во Молдавија.