Ромео Бекам во рекламата на Burberry

28

Romeo Beckham BurberryЕден од моделите во новата пролет/лето 2013 колекција на Burberry е и 10 годишниот Ромео Бекам, вториот син на Дејвид и Викторија Бекам.

Ова е прв ангажман на младиот Ромео во светот на модата, што беше неизбежно, ако се земе во предвид дека неговите родители се глобални модни икони. Викторија Бекам има сопствена модна линија, додека Дејвид веќе се појави во рекламите за долна облека на Armani и Calvin Klein, а минатата година оствари соработка и со H&M.

Според CNN, децата на Бекамови се меѓу најфотографираните деца во светот.