Напаѓачот на фудбалскиот клуб Јувентус, Кристијано Роналдо ќе стане четвртиот спортист во светот кој станал милијардер.
Пред него најмалку милијарда долари заработиле кошаркарската легенда Мајкл Џордан, голф играчот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.
Џордан во неговата кошаркарска кариера заработи околу 100 милиони долари, а милијардер стана со разни деловни активности како и плодната соработка со компанијата Nike. Вудс и Мејведер милијардите ги заработија додека беа активни спортисти.
Business Insider пресмета дека и покрај кризата и намалената плата во Јувентус, Португалецот ќе дојде до првата милијарда најдоцна до декември.
На Роналдо во клубот на спортски милијардери оваа година ќе му се приклучи и тенискиот маестро, Роџер Федерер, кој и покрај тоа што речиси цела тениска сезона е откажана, заработува огромни суми од своите спонзорски договори.
Фото: Facebook











