Ротаракт клуб Скопје успешно ја заврши акцијата за подобрување на културата за користење на ескалаторите во Македонија, стои во соопштението.
Со поставување на налепници Left – walk, Right – stand, се укажува на тоа како треба да се користат ескалаторите со цел полесно и побрзо движење во трговските центри. Skopje City mall е првиот трговски центар којшто ја препозна потребата од поставување на вакви налепници.
Идејата за поставување на овие налепници произлезе од сè почестиот застој којшто настанува при користење на ескалаторите, со што се оневозможува непрекинато движење. Вакви налепници можат да се сретнат во сите поголеми европски но и светски метрополи, а сега благодарение на акцијата на Ротаракт Клуб Скопје и добрата соработка со Скопје Сити Мал, ги има и во Македонија.
Ротаракт Клуб Скопје, очекува и останатите објекти кои имаат ескалатори да го следат овој пример