Ротердам ја добива првата “пловна“ шума

113

Floating-Forest-Rotterdam-2

Холандскиот град Ротердам ќе ја добие првата “пловна шума“ следната година, пишува Pop up city.

Станува збор за колекција од 20 дрвја коишто ќе “пловат“ во близина на пристаништето Ријнхавен. Целта на овој проект е градот да биде “зелен“ и поеколошки.

Floating-Forest-Rotterdam-4-800x533

Оваа година беше направен експеримент со едно дрво, а се очекува сите 20 дрвја да се насадат во март следната година.

Група холандски дизајнери и претприемачи ја добија оваа “зелена“ идеја инспирирани од делото на уметникот Јорге Бакер – Во потрагата по хабитус.

Floating-Forest-Rotterdam-5-800x533