
Вредноста на руската рубља денеска на отворањето на Московската берза падна и во однос на доларот и во однос на другите светски валути.
Така, денеска во 07 часот по локално време американскиот долар беше продаден за повеќе од 86,88 рубљи, што е најниската вредност на руската валута од 30 март минатата година.
Во исто време еврото скокна на 94,44 рубљи, а кинескиот јуани на 11,93 рубљи.











