Фото: Pixabay
Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со коишто се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Применета на овие измени ќе стапи на сила веднаш по објавувањето во Службен весник на Р.М, стои во соопштението.
Министерството за труд и социјална политика преку Владата изготви законско решение со кое рударите ќе можат да заминат во старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, по ново ќе се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресрет на долгогодишните барања на рударите и исправаме една голема неправда.
Со измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.
Министерстсвото за труд и социјална политика ќе продолжи со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светска банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење.