Рударите на биткоини ќе објавуваат колку струја трошат

72

Илон Маск на својот Twitter профил објави дека се сретнал со водечките северноамерикански рудари на биткоини за да разговараат околу загриженоста поврзана со користење на енергијата.

Оваа средба доаѓа неколку недели откако неговата компанија Tesla одлучи да ја запре продажбата на авомобили со биткоини поради енормно зголемување на потрошувачка на електрична енергија што во најголем дел се добива од фосилни горива.

Tesla претходно купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, со што за кратко време ѝ порасна вредноста на оваа криптовалута. Еден месец подоцна, Маск ја запре продажбата на неговите автомобили со криптовалути поради извештаи коишто покажуваат голема потрошувачка на електрична енергија што се троши на рударење на биткоини. Сепак, се чини дека уште има надеж за таков вид на продажба доколку транспарентно се покаже колку енергија и од кои извори е потрошена за време на рударењето.

Најголемиот корпоративен сопственик на биткоини, Мајкл Сејлор, објавил на Twitter дека тој го организирал состанокот и дека учесниците се договориле да основаат совет на биткоин рудари. Групата сака да стандардизира и промовира транспарентност во користење на енергија.

Фото: Pexels