Рудникот Трепча со рекордно производство на олово и цинк

64

Trepca

Рудниците Трепча во јули произвеле околу 1.900 тони концентрат на олово и цинк, односно три тони по вработен, што е најдобар резултат во историјата на овој рудник, соопшти вчера раководството на холдингот РМХК Трепча, јавува Танјуг.

Остварено е и најдобро техничко-технолошко искористување, 95% на оловото и околу 90% на цинкот, благодарение на новата инсталирана флотациска секција и технолошката дисциплина на вработените, стои во соопштението.

Менаџментот на Трепча очекува стабилна деловна година и континуитет на вакви производно – финансиски резултати.

Според проценките од 2001 година, во Трепча лежат околу 29 милиони тони руда. Трепча, кој се наоѓа на Косово, е едно од најголемите наоѓалишта на олово – цинкова руда во Европа.