Рудникот за олово и цинк Злетово – Пробиштип повторно ќе почне со работа. Производството во рудникот ќе го обнови новиот концесионер, бугарската компанија Минстрој, која согласно договорот со македонската Влада треба да го рестартира и рудникот Тораница – Крива Паланка.
На јавниот повик од Владата за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини за Злетово и Тораница, по прогласувањето стечај и ликвидација од претходниот концесионер Индо минерали, Минстрој достави највисока понуда. Ќе ги менаџира Злетово и Тораница за годишна концесија од два милиони евра, јавува Миа.
За рестартирањето на рудниците, Минстрој во Македонија ја основаше фирмата Булмак 2016.