Rumpl Puffe: Иновативно ќебе – полнач што се загрева за неколку секунди

43

kebe-polnac-1

Rumpl Puffe е иновативно ќебе коешто за неколку секунди се загрева со помош на батерија.

Ќебето го затоплува корисникот за неколку секунди, а му дава можност во исто време да го полни неговиот мобилен телефон или таблет. Исто така, има вградено ламба со три нивоа на светлина. Rumpl Puffe е изработен од квалитетни материјали што му овозможуваат да биде издржлив, отпорен на вода, лесно да се пере во машина и да биде екстремно лесен.

kebe-polnac

 

Ќебето може да им биде од голема корист на сите авантуристи или планирани кои сакаат да патуваат и во ниту еден момент да не почувствуваат студ.  Со едно полнење на адаптерот, ќебето може да ослободи умерена топлина 10 часа, малку поинтензивна топлина шест часа, а доколку е неопходна повисока температура може да работи четири часа.

Идејата за вакво иновативно ќебе е на американскиот старт – ап Rumpl, којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, досега доби поддршка од над 144.600 долари.