Руперт Мардок ги купи лозјата Морага за 28,8 милиони долари

32

1

Медиумскиот могул Руперт Мардок ги купи познатите Морага лозја, во ридовите над Бел Ер, за 28,8 милиони долари. Мардок (82), сопственик на меѓународниот медиумски холдинг News Corporation и извршен директор на 21st Century Fox, го откупи имотот од Том Џонс, поранешен извршен директор на Northrop Corp.

Имотот во доцните 1930-ти го изгради Виктор Флеминг, режисерот на филмовите Волшебникот од Оз и Однесено со виорот. Лозовите насади се простираат на 13 хектари, а на имотот се наоѓа луксузна вила од 800 метри квадратни.

Нивните вина можат да се купат во многу престижни ресторани и продавници во Лос Анџелес.

News Corp на Мардок е издавач на познатите весници Wall Street Journal и New York Post во САД, The Sunday Times и The Sun во Британија и The Australian. Под капата на News Corp се наоѓаат уште и новинската агенција Dow Jones, Fox Sports Australia и издавачката куќа HarperCollins.

2

3

4

5

6

7

8